понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 101
home Вести

Пратеничка на СДСМ: Јас го зачував идентитетот кога се омажив и го додадов презимето од мажот

Пратеничка на СДСМ: Јас го зачував идентитетот кога се омажив и го додадов презимето од мажот

Jас го зачував идентитетот кога се омажив и го додадов презимето од мажот. Да направиме додавка на државата. Нашиот идентитет не може да биде проблематизиран. Ние не го менуваме името. Немаше ни Владата да прифати ако требаше да се избрише името Македонија, рече пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева на продолжението на расправата во Собранието за уставните измени, пренесува „Макфакс“.

Инаку, за збор се пријавени 66 пратеници. Расправата почна вчера и се очекува да трае наредните неколку дена, по што треба да се гласа за уставните измени и прифаќање на договорот од Преспа.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека нема да учествуваат на гласањето, поради што е неизвесно двотретинското мнозиство потребно за да се донесат промените во Уставот.

Коронавирус