сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 31
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушта работата во Собранието

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушта работата во Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушта работата на Собранието. Ваквата одлука на денешната прес-конференција на која присуствуваше цела пратеничка група ја соопшти Антонијо Милошоски.

-Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција заради ваквото однесување, прекршување на принципи, закони, Уставот ќе ја напушти работата на Собранието. Не планираме да бидеме соучесници во носењето на штетни договори за Република Македонија кои државата ја ндоведуваат во потчинета состојба, а истовремено тоа се прави на еден недемократски начин со прекршување на законите на Уставот и на Деловникот, нагласи Милошоски.

Тој нагласи дека дополнително партиските тела ќе одлучуваат за натамошните чекори.

-Првата работа е дека денес е јасно кој беа најсилните аргументи за ослободителната пресуда за случајот поткуп, гласањето на парламентарното мнозинство денес за договорот уцена е најсилниот аргумент за ослободителната пресуда за случајот поткуп. Станува јасно дека некој превземал обврска Македонија да ја доведе да се согласи и потпише во потчинета положба кон друга држава. Доказ за тоа е брзањето на власта по скратена постапка да го протурка овој договор со Грција без да даде можност да има расправа и аргументи, истакна Милошоски.

Пратеникот праша ако договорот е толку добар колку што тврдат, зошто власта не организира прослава, ако договорот со Грција е толку добар зошто го криеа до последен момент, ако договорот со Грција е корисен за Република Македонија зошто го гласаат во еден ден и зошто ја менуваат матичната комисија која можеби ќе одлучеше да расправа три дена тринаесет дена, триесет дена, да покани професори по уставно право да се вклучи, тоа почитувани граѓани покажува дека овој македонско – грчки договор не е компромис туку е уцена кој што некој морал да ја потпише.

-Дали за претходно сторени дејствија и превземени обврски или за одредени награди кои во иднина ќе им следуваат на тие личности кои што ова го направиле во свое име занемарувајќи го народот интересите на граѓаните и институциите како што се Собранието и Претседателот на Република Македонија. Со ваквиот договор Македонија за жал самата ја поништува и ја суспендира меѓународно правно валидната пресуда на Меѓународниот суд на правдата која што беше во наша корист. Имајќи ги во предвид тука кршењето на процедурите во Собранието од таканаречениот претседател Џафери само ќе кажам дека дури и во Меѓународниот суд на правдата има повеќе почит, право почитување на процедура, демократија и аргументи отколку што тоа го има во Собранието на сеуште Република Македонија. Со овој договор Република Македонија се откажува од напорите и успесите кои што биле постигнати од сите влади од 1991 година до денес и сите Претседатели на држава кои што беа крунисани досега со 140 земји кои што уставно не признале под нашето име меѓу кои САД, Канада, Русија, Кина и многу други. Затоа би сакал да кажам дека е јасно зошто Владата го злоупотребува европското знаменце за договорот кој што е уцена од страна на Грција. Затоа што не сака за ваквиот договор да има отворена сериозна расправа, сакаат што побрзо да го изгласаат и тоа е најголемиот доказ дека овој договор има многу фалинки и дека овој договор не е од корист за Република Македонија. Овој договор правно е антиуставен, а национално е понижувачки. Понижувањето ќе го трпи македонскиот народ и сите други правдољубиви граѓани кои што со ваквото работење на Собранието чувствуваат правна несигурност и за себе и за Република Македонија, вели Милошоски.

Тој додаде дека ваквото однесување, злоупотребата од страна на Владата на европското знаменце е лесно докажлива.

-Пред некое време го имавме договорот помеѓу Македонија и Бугарија, што беше тој договор поразличен за да нема европско знаменце, а уцената потпишана со Грција да има европско знаменце, што беше тој договор со Бугарија поразличен и таа земја членка на ЕУ за да не оди по скратена постапка, а договорт со Грција и потпишната уцена да оди по скратена постапка. Ваквото однесување е доказ дека оваа власт не е спремна да ги почитува правните норми на Собранието кога нема аргументи за штетни договори кои што ги потпишува во името на сеуште Република Македонија, нагласи Милошоски.

Коронавирус