вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Единственото во кое што СДСМ се најдобри е блокирањето, укинувањето и ширењето на лаги и манипулации

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Единственото во кое што СДСМ се најдобри е блокирањето, укинувањето и ширењето на лаги и манипулации

Денес СДСМ и Владата предводена од СДСМ уште еднаш покажа класично непочитување на Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом, обвинува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сакаме да изразиме огромно незадоволство поради тоа што на денешната Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше донесувањето на Предлог-Законот со кој што требаше да се обезбедат дополнителни средства за довршување на автопатот Кичево – Охрид,  веќе втор ден по ред, ресорниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, не доаѓа и не присуствува на седницата на Комисијата. Оттука, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ апелираме и бараме ресорниот министер да собере храброст и да се појави на оваа Комисија бидејќи за важен закон како овој, тој мора да биде присутен и да даде одговор на многу прашања кои ги имаат пратениците кон него. Имено, денес сакавме да го прашаме министерот и Владата, зошто овој предлог закон доцни една година, знаејќи дека на 12-ти ноември минатата година беше изгласан закон за обезбедување на средства за доизградба на оваа автопатска делница.  Сакавме да слушнеме од министерот Сугарески како преставник од Владата, зошто им беше потребна дури една година за да се поднесе овој закон за ново дополнително задолжување од 180 милиони долари за изградба на овој автопат, сума која што воопшто не е мала. Сепак, одговор на овие прашања не добивме. Министерот Сугарески одлучи да не се појави и да не даде одговор на овие многу важни и клучни прашања. Ние во многу наврати во изминативе неколку години, укажувавме дека блокирањето и застојот на изградбата на оваа автопатска делница ќе нанесе ненадоместлива и огромна штета, како на Буџетот на Репбулика Македонија, така и на граѓаните кои секојдневно патуваат во овој регион, порачуваат од пратеничката група.

Тие обвинуваат дека во овој период додека е закочена и блокирана изградбата на овој автопат се загубени и фрлени во вода огромни средства кои биле потрошени за досега сработеното, а кое сега поради овој застој, трпи штети, последици и се уништува.

-Од друга страна, мора да потенцираме дека овој застој има голема улога и во намалената безбедност во сообраќајот, која резултира со голем број на сообраќајни незгоди и несреќи, со голем број на жртви и повредени, како и оштетени моторни возила. Штети за кои некој ќе мора да сноси некаква одговорност. Оттука уште еднаш сакаме да прашаме и бараме одговор на прашањето, зошто власта и министерот се плашат и бегаат од одговори за овој проблем кој тие го создадоа? Колку за потсетување, токму СДСМ додека беше опозиција ветуваше изградба на илјадници километри автопат, за сега да гледаме дека не се способни ниту да ги довршат автопатите кои ВМРО-ДПМНЕ  ги започна и кои беа во напредна фаза на реализација, а не пак да изградат нови како што ветија. Во изминатиов период, од СДСМ се изнаслушавме секакви изговори и оправдувања, но сепак граѓаните во ова речиси 3-годишно нивно владеење, можеа да се уверат во нивната неспособност и несериозност. Граѓаните гледаат дека СДСМ нема ниту капацитет, ниту визија и план како да ја водат Република Македонија. Единственото во кое што СДСМ се најдобри е блокирањето, укинувањето и ширењето на лаги и манипулации,обвинува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.