петок, 3. декември 2021. Вести денес: 136
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста и лагите на Радмила Шекеринска и СДСМ денес повторно испливаа на површина

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста и лагите на Радмила Шекеринска и СДСМ денес повторно испливаа на површина

Дволичноста и лагите на Радмила Шекеринска и СДСМ денес повторно испливаа на површина, ова денеска преку соопштение до јавноста денеска го истакнаа од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес македонската јавност имаше можност да се увери во лицемерието на Шекеринска и сервилноста на пратениците на СДСМ. Имено, на денешната пленарна седница СДСМ и министерката за одбрана Радмила Шекеринска по којзнае кој пат ја покажаа својата неискреност и манипулација како со македонската јавност, така и со припадниците на Армијата на Република Македонија. Денес, пратениците на СДСМ и Радмила Шекеринска гласаа против потребата да се разгледа и донесе по скратена постапка Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Тие гласаа против решавање на проблемите на војниците и офицерите т.е. на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Македонија. Ова е уште еден доказ за лажната грижа за припадниците на Армијата од страна на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и СДСМ. Очигледно, „заложбите и грижата“ за војниците и офицерите на Шекеринска и Владата се само евтин предизборен маркетинг и поигрување со нивните судбини, велат од пратеничката група.

Од таму додаваат дека како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и подносители на овој Предлог закон искрено се надевавме дека кај пратениците од мнозинството и кај Радмила Шекеринска ќе преовлада разумот и ќе проработи совеста и ќе го прифатат ова решение, но сепак тоа не се случи. Тие повторно ги ставија сопствените и партиско-коалициските интереси пред интересите на војниците.

-Оттука, им порачуваме на СДСМ дека за нестручноста, арогантноста и неспособноста кај Владата и Шекеринска, но и за огромното незадоволство кај војниците, не е никој друг виновен освен тие самите, а најмалку пак пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Се додека ова не го разберат и сфатат, тие ќе продолжат да тонат во сопствената кал, а за жал последиците ќе ги трпат припадниците на Армијата и сите граѓани на Република Македонија, велат од пратеничката група.

Коронавирус