понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 116
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Зошто не признаете дека сте неспособен, поради вас Македонија има скоро 1.000 починати лица

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Зошто не признаете дека сте неспособен, поради вас Македонија има скоро 1.000 починати лица

Денес во се одржа седница на Комисија за здравство во Собранието, пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ посочија дека власта манипулира. Власта доставила предлог за измена на Закон за заразни болести но без конкретни и соодветни мерки кои ќе помогнат да се намали бројот на новозаболени и починати од КОВИД-19.

„Ние како опозиција имаме единствен мотив што е можно подобро и поконструктивно да упатиме апели до оние кои што се во моментов надлежни, а тоа сте вие почитуван министер со цел предложувајќи мерки, на овие мерки кои што би помогнале во подобро справување со корона вирусот. Не е интенцијата на ниту еден припадник на оваа Комисија или пратениците на опозицијата политички да извлече одреден бенефит, туку сметаме дека со идеите и со квалитетот и капацитетот кој што го имаат колегите доктори и кои што се членови на Комисијата за здравство, но и ние другите како народни избраници кои сме гласот на народот ќе допринесеме и да дојдеме до што е можно подобро решение како да ги заштитиме нашите граѓани од овој вирус“, истакна Стојаноски.

Стојаноски посочи дека вчера во Република Македонија имало 2.236 тестирања, од кои има 628 новозаразени, 28% од тестираните се позитивни на вирусот. Додека пак во Србија имало 9.400 тестирања од кои има 1.050 заразени, односно 11% од тестираните се позитивни на КОВИД-19. Во Словенија 5.756 тестирања, 1.500 заразени, тоа е 26% и 13 починати. Токму овие бројки кажуваат дека власта не е способна да се справи со овој вирус, земјите во регионот имаат далеку помали бројки на заразени и починати, а Македонија е рекордер во регионот па и пошироко за жал.

Стојаноски го замоли министерот Филипче кога министерството ќе прави споредби со другите земји нека споредува со земји слични на Македонија.

„Ваше е овде да кажете зошто Македонија има висок процент од 30% од бројот на тестирани кои се заболени, зошто имаме 15 кратно повеќе заболени од оние 2.000 кои вие ги прогнозиравте“,го праша Ристески, министерот за здравство Венко Филипче.

Ристески критикуваше дека не може министерот кој постигнува најмизерни резултати, од него да се учи, а има скоро 1.000 починати лица во Македонија, најмногу во регионот, умираат луѓе по улиците и по болниците, затоа што власта не сака да си признае дека е неспособна, и дека функционерите се нестручни во работата, затоа легитимно бара промена на Комисијата за заразни болести и вклучување на стручни лица во истата.

„Ова не е момент за рестрикции, ова е момент за поднесување на одговорност, затоа бараме оставка од министерот за здравство Венко Филипче бидејќи катастрофално се справува со корона кризата во Република Македонија, а мерките кои се спроведуваат се спроведуваат политикански“, истакна Ристески.

Коронавирус