среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Денес се виде вистинското лице на СДСМ

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Денес се виде вистинското лице на СДСМ

Денес, македонската јавност го виде вистинското лице на СДСМ. СДСМ продолжува на најдрзок начин да се поигрува со чувствата на стејачците и работниците. Стечајците и работниците се уверија дека токму СДСМ е проблемот, а не решението, се вели во соопштението од пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес СДСМ и нејзините пратеници покажаа дека не се способни да го решат проблемот со стечајците, кои всушност целата македонска јавност знае дека токму тие го создадоа огромниот број на стечајци кои беа оставени на улица со затварање на фабриките и криминалната привазитација. Имено, денес во Собранието на Република Македонија, на Комисијата за труд и социјална политика каде на дневен ред беше точката за утврдување на минималната плата, пратеникот од владеачкото мнозинство Самка Ибраимовски побара дополнување на дневниот ред со законот за материјално обезбедување на стечајците, спротивно од Деловникот за работа на Собранието. Доколку власта имаше искрена намера и навистина сакаше да го реши овој проблем, тоа можеа да го направат уште пред 10-тина дена, но тогаш без никаво известување, на Комисијата не се појави ниту еден преставник од министерството како што впрочем налага токму членот 121 ставот 2 од Деловникот за работа на Собранието, со што Комисијата и донесувањето на тој закон беше одложено.  Оттука, јасно е дека СДСМ во овој предизборен период тактизира и одолговлекува со решавање на проблемот на стечајците. Од друга страна, како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и тогаш, така и денес, во неколку наврати реагиравме до колегите од СДСМ, да не ја злоупотребуваат работата на Комисијата за ширење на евтин популизам и креирање на лажни вести. Ние постојано апелиравме и имаме јасен и конструктивен став дека законот за материјално обезбедување на стечајците мора час поскоро да се донесе, но не по цена на кршење на Деловникот и непочитување на процедурите, истакнуваат од пратеничката група.

Од таму додаваат дека токму од тие причини, СДСМ и нејзините пратеници се единствената причина поради која што денес беше закочена работата на Комисијата за труд и социјална политика и ниту се донесе Законот за утврдување на минимална плата, ниту пак се реши проблемот со стечајците.