петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Вести

Пратеничка група на Коалицијата „Обнова на Македонија“: Владејачкото мнозинство одби да изгласа одржување на јавна расправа за законското решение „Недела неработен ден“

Пратеничка група на Коалицијата „Обнова на Македонија“: Владејачкото мнозинство одби да изгласа одржување на јавна расправа за законското решение „Недела неработен ден“

На денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика, владејачкото мнозинство одби да изгласа одржување на јавна расправа на тема законското решение „Недела неработен ден“, велат од пратеничка група на Коалицијата „Обнова на Македонија“.

-Владејачкото мнозинство на чело со Социјалдемократскиот сојуз постојано говорат за транспарентност, отчетност и дебата, но кога ќе дојде моментот за тоа, а тоа е токму тука, местото за јавна расправа е тука во Собранието на Република Македонија, тие едноставно бегаат од соочување со аргументите, јавните дебати, вкрстување на аргументите и секако соочување со јавноста.

Токму на овој начин, Социјалдемократскиот сојуз и пратениците од мнозинството ја практицираат и замислуваат демократијата. Без дебати, без различни мислења, без аргументи. Единствено само партиски интерес и еден навистина скап ПиАр.

Дополнително, би сакале да Ве информираме за денес дека не се консултирани Сојузот на синдикатите, можевте да проследите и нивна изјава деновиве, Стопанските комори, ниту пак експертската јавност.

По којзнае кој пат Социјалдемократскиот сојуз и пратениците од мнозинството ја покажуваат својата арогантност и нетранспарентност. По којзнае кој пат покажуваат дека нив не ги интересираат проблемите и барањата на граѓаните и на крајот од денот носење на вистинско и правилно законско решение.

Најнови вести

Коронавирус