четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 57
home Вести

„Прашањето кое треба да си го одговориме на изборите е- дали сме подготвени да им поклониме уште 4 години на истите кои веќе два пати ги изневерија очекувањата и потонаа опиени во својата моќ и ароганција“

„Прашањето кое треба да си го одговориме на изборите е- дали сме подготвени да им поклониме уште 4 години на истите кои веќе два пати ги изневерија очекувањата и потонаа опиени во својата моќ и ароганција“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на денешниот митинг во Охрид каде беа преставени кандидатите за градоначалници, рече дека прашањето кое треба сите да си го одговориме пред на овие локални избори е дали сме подготвени да им подариме уште 4 години на истите луѓе кои веќе два пати ги изневерија очекувањата и не го држеа зборот.

„Прашањето на кое сите ние треба да си одговориме на овие избори е дали сме подготвени да им подариме уште нови 4 години на истите луѓе кои веќе два пати, брутално два пати ги изневерија очекувањата, не го држеа зборот, даваа лажни ветувања, и потонаа опиени во својата моќ и ароганција, во корупција, играјќи си со вашите животи. Дали во следните години Зоран Заев треба да има повторно апсолутна моќ? Дали сметате дека Заев и неговите луѓе се најдоброто што оваа земја го заслужува, или сите вие сте најдоброто. Сите вие сте најдоброто и вие сте тие кои знаат да оценат што е најдобро, а што не е“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека од овие навидум локални избори зависат многу работи поврзани со државата и за тоа на кој начин истата ќе продолжи да функционира.

„Ова се навидум локални избори. Но ако се погледне подлабоко, се нешто повеќе од тоа. Од нив зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија. На овие избори или ќе продолжи државата да функционира на ваков начин како изминатите години и ќе бидеме сведоци на уште продлабочена корупција, хаос, не функционирање на системот, отсуство на одговорност, немање правда, социјални и економски проблеми и стагнација на државата, експериментирање во образованието, пропаѓање и нехуман однос кон земјоделците, или ќе создадеме сите заедно една нова поинаква, различна, подобра иднина. Иднината ако продолжи оваа власт јасно е каква ќе биде“, истакна Мицкоски.

Локални избори 2021