понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 119
home Вести

Познато кој ќе биде нов директор на Клиниката за кардиологија

Познато кој ќе биде нов директор на Клиниката за кардиологија

Доктор Жан Зимбаков најверојатно ќе биде новиот директор на скопската Клиника за кардиологија, објави„Фокус“.

Неговото име најмногу се врти во лекарските кругови, а тој доаѓа на местото на поранешниот директор доктор Беким Поцеста, кој доаѓаше од редовите на Алијансата за Албанците, кои беа коалициони партнери во владата со СДСМ.

По одлуката да ја напуштат владината коалиција, сите нивни директори си поднесоа оставки.

Функционерите на Алеансата кои поднесоа оставки се уште земаат плата од Владата

Од владината информативна служба велат дека платите на функционерите на Алеансата кои поднесоа оставки од нивните функции во владата, се уште течат, а тоа ќе трае се додека собранието не ги усвои нивните оставки, објави агенцијата ИНА.

Според одговорот кој го дадоа за ИНА, тие велат дека тоа е законски и не можат да ги сопрат нивните плати се додека одлуката не стапи во сила.

Тоа се замениците министри, државниот секретар и неколку директори кои поднесоа оставки а владата се уште нема донесено официјална одлука за нивните оставки, додека оставките и именувањата на заменици министри треба да се случат во собранието.

Од Алијансата за Албанците велат дека тие сега се во опозиција и ова е прашање за институциите зошто тие се влечкаат и се уште не се отпуштени луѓе кои си поднесоа оставки.

-Тие се мнозинство, нека свикаат состанок и нека ја завршат таа работа. Нека не тактизираат со тоа и медиумски да го злоупотребуваат. Ние кажавме дека сме во опозиција и за нас таа работа е завршена, велат за ИНА извори од Алијансата за Албанците.

Коронавирус