понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 57
home Вести

Познато е кој ќе го замени Бранко Героски на местото главен и одговорен уредник во „Слободен печат“

Познато е кој ќе го замени Бранко Героски на местото главен и одговорен уредник во „Слободен печат“

Новинарот и колумнист Злате Лозановски ќе ја заземе позицијата на главен и одговорен уредник во дневниот весник „Слободен печат“, откако соосновачот, Бранко Героски, си поднесе оставка.

Злате Лозановски работи во весникот од неговото основање. Тој најчесто ги пишуваше кратките коментари кои се објавуваат во графата „Слободен удар“.

Негов заменик и понатаму ќе биде уредникот Жарко Јордановски, додека новинарскиот тим, велат од весникот, ќе остане непроменет.

Героски, кој заедно со сопствениците го основа „Слободен печат“ пред пет и пол години поднесе оставка, поради, како што наведе во оставката, непремостливи разлики за уредувачката политика.

Коронавирус