сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 123
home Вести

Познати кандидатите за членови на ДИК

Познати кандидатите за членови на ДИК

Познати се сите 14 кандидати за членови на Државната изборна комисија, а партиите веќе имаат свои фаворити, објави ТВ 21.

Кренар Лога е кандидат за член кој доаѓа од Алијанса за Албанците, додека Бобан Стојаноски и Александар Даштевски доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Дитмире Шеху е од ДУИ.

Останатите кандидати се: Јанаке Витановски, Борис Кондарко, Бети Ѓоргиевска, Оливер Ристовски, Љупка Гугучевска Филипоска, Радица Ристеска, Елизабета Постоловска, Димитар Спасески, Кренар Лога и Зоран Михајлоски.

Комисијата за избори и именувања во Собранието денеска треба да го констатира овој список.

Најнови вести

Локални избори 2021