недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Позната состојбата на двајцата пациенти со коронавирус, вечерва ќе бидат пренесени на Инфективна клиника во Скопје

Позната состојбата на двајцата пациенти со коронавирус, вечерва ќе бидат пренесени на Инфективна клиника во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека двајцата нови дијагностицирани пациенти позитивни на коронавирус се сопружници од село во близина на Дебар коишто во нашата земја стигнале од Бреша, Северна Италија на 27 февруари. Нивната состојба е стабилна, имаат лесна клиничка слика, лесна форма на горно респираторна инфекција, односно на грип.

Вечерва, пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствен дом Скопје на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде што дежурната екипа е спремна да ги пречека.

-По влезот во државата, од автобусот се симнувале патници во Куманово, Скопје и Дебар. Двајцата сопружници немале никакви симптоми и за првпат со сосем лесни симптоми се јавиле на 2 март на матичниот лекар којшто не препознал индикации да се направи тестот за корона вирусот и ги пратил на домашно лекување. Денеска се јавиле во болницата во Дебар каде што доаѓа инфектолог од Гостивар, и била поставена индикацијата согласно симптомите коишто се развиле во текот на вчерашниот ден. Земени се брисеви и денеска беа направени тестовите. За време на престојот дома, двајцата пациенти укажуваат дека имале контакт само со братот на жената. Денеска веќе во попладневниве часови се прави интервју од страна на епидемиолозите за да се оцени дали е потребно да биде ставен во изолација и тој човек или и членовите на неговото семејство, потенцираше министерот Филипче.

Преку Министерството за внатрешни работи веќе се најдени имињата, матичните броеви на сите патници во автобусот којшто влегол на 27 февруари.

-Во овој момент се прави идентификација, се утврдуваат местата на живеење на патниците и веќе од вечерва и во текот на утрешниот ден епидемиолозите, со асистенција на припадници на Министерството за внатрешни работи ќе направат со нив интервјуа и согласно податоците коишто ќе ги дадат, согласно нивната здравствена состојба, анализа на контактите коишто тие ги имале, ќе бидат преземени соодветни мерки. За сето тоа подетално ќе ве информираме во текот на утрешниот ден откако сите контакти, податоци и интервјуа ќе бидат завршени. Вечерва пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствен дом Скопје на Клиниката за инфективни и фебрилни болести каде што дежурната екипа е подготвена да ги пречека, истакна министерот Филипче.

Коронавирус