недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Позната причината за смртта на младиот Никола Саздовски

Позната причината за смртта на младиот Никола Саздовски

Никола Саздовски починал од повреди на мозокот. Ова е резултатот од извршената одбукција која судска медицина денеска ја предала во Обвинителство. А, таму денеска се сослушуваа сведоци и очевидци на бруталниот напад врз 21-годишното момче, кои заедно со материјалните докази треба да помогнат во истрагата, но и за тоа Обвинителството да одлучи дали ќе го преквалификува кривичното дело „насилство“, во „убиство“, пренесе Алсат телевизија.

Јавно обвинителство на Република Македонија:

„По прибирањето и анализата на сите докази ќе може да биде донесена јавнообвинителска одлука и во однос на кривичната одговорност на лицата и во однос на правната квалификација на кривичното дело. Во оваа фаза на постапката важни се сите сведочења кои можат да придонесат за расветлување на настанот. Ниту еден исказ не може да се смета за главен додека не се утврди неговата важност во натамошниот тек на постапката.”

Тројца напаѓачи на возраст од 19, 20 и 21 година, засега се товарат за „насилство“. Двајца се во притвор, а по третиот полицијата сè уште трага. Притворените сè уште не се сослушани бидејќи Обвинителство сака да ги соочи со сите прибрани докази. Тие најверојатно утре ќе бидат изведени пред oбвинител, а ќе ги бранат адвокати по службена должност. Никола Саздовски на 29 јуни беше физички нападнат од три непознати лица на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда. Полицијата го објасни настанот. Тројца од осомничените напаѓачи излегле од автомобилот и го нападнале момчето кое по десетдневна кома,вчера почина на една од скопските клиники. Саздовски беше член на навивачката група „Комити“. Денеска неговите другари од трибините во чест на прерано згаснатиот живот организирано отидоа на неговиот погреб.

Коронавирус