петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 58
home Вести

Позната причината за пожарот во автобусот со македонски туристи на „Струма“

Позната причината за пожарот во автобусот со македонски туристи на „Струма“
МИА

Позната е причината за пожарот и локацијата на неговиот првичен извор во автобусот со македонски туристи на враќање од Истанбул, што се случи на автопатот Струма, изјавија за БТВ обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Маријан Маринов одби да ја открие причината за пожарот и рече дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.

– Можете да замислите какво триење и искри имало, рече Михаилов. Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и допрва треба да се разјасни дали новиот е „нефабрички“. (МИА)

Коронавирус