петок, 18. септември 2020. Вести денес: 20
home Вести

Позната причината за пожарот кај Тиквешко езеро

Позната причината за пожарот кај Тиквешко езеро

Пожарот кај Тиквешко Езеро го предизвикале невнимателни викендаши кои славеле Илинден.

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци за МИА изјавија дека нивни екипи и екипи од подружницата на ,,Национални шуми” по неколку часа интервенција на терен, го локализирале пожарот.

Ветерот го носел огнот на кај селото Ресава, па во гаснењето учествувале и луѓе кои денеска се нашле во близина. Имало и увид на лице место од страна на полицијата.

Пламенот навлегол и во една викендичка и дошол до првите куќи во селото, па навремената интервенција спречила поголеми последици.

Коронавирус