понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Позната брзината со која се движел автобусот непосредно пред несреќата

Позната брзината со која се движел автобусот непосредно пред несреќата

Досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај село Ласкарци, пренесува „Алсат“.

Како што дознава телевизијата, истрагата се води во два правци.

Едниот утврдува објективни причини за несреќата, како на пример, дали можеби возачот ја загубил контролата над автобусот во обид да избегне судир со друго возило или пак, возел со неприлагодена брзина.

Утврдено е дека непосредно пред несреќата автобусот се движел со брзина од 80-85 километри на час.

Се утврдуваат и субјективните причини кои би можело да се причина за сообраќајката, пред сè, здравствената состојба на возачот, односно можноста неговото внимание, поради различни причини (телефон, пиење вода и сл.) да било оттргнато од патот.

Истрагата што ја спроведува група експерти од машинскиот факултет продолжува.