вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 82
home Вести

Познат предизвикувачот на поморот на риби во Вардар

Познат предизвикувачот на поморот на риби во Вардар

Градските власти се очекува утре да соопштат кој и како ги загадил водите на вардар долж течението на аеродром, каде беше регистиран помор на риби.

Отпаден материјал од железо и киселина е причината поради која водите на Вардар добиле портокалова боја. Државниот инспекторат за животна средина информира дека компанијата Арцелор Митал од округот на Железара писмено ги известила дека тие се причината за еколошкиот инцидент. Оттаму појаснуваат дека штетните материи не биле соодветни третирани во системот за отпадни води, па поради тоа реката добила невообичаена бакарна боја.

Инспекторатот го чека деталниот извештај, по што ќе постапи согласно законските прописи.

Дека за штетата ќе следува драконска казна дециден е и Шилегов. За во иднина најави поригорозни мерки и позачестени контроли како би се спречиле слични еколошки катастрофи.

„Јас ќе барам и ќе инсистирам, имајќи во предвид дека имавме сериозно нарушување на еко-светот односно помор на риби, освен прекршочната постапка, таа што е стандардна, да се испитаат и сите можности на државниот инспектор да биде поведена и кривична одговорност.“

За загадувањето на реката кое предизвика и помор на риби, надлежните извршиле вонредна инспекциска контрола на три фирми во Железара. Едната од нив, челичарницата „Макстил“, за која имаше првични сомневања, експресно се огради од обвинувањата.

Коронавирус