понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 75
home Вести

Познат „пазарот“ меѓу Заев и Гаши: Алтернатива добива по три министерски и заменички места и најмалку 5 директорски позиции на значајни институции

Познат „пазарот“ меѓу Заев и Гаши: Алтернатива добива по три министерски и заменички места и најмалку 5 директорски позиции на значајни институции

Во Клубот на пратеници со почеток во 13 часот претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, денеска дадоа изјави за медиумите.

Заев официјално ги откри министерските места и фукнциите кои ќе ги добие Алтернатива на Албанците по влегување во Владата и во парламентарното мнозинство.

– Алтернативата ја превзема одговорноста со свои кадри и од своите редови ќе назначи Министер за здравство, Министерство за информатичко општетство и администрација, и министер без ресор задолжен за дијаспората. Владата ќе назначи неколку министри без ресор, со цел подобро да се справува со сите домашни и глобални предизвици. Од страна на Алтернатива ќе бидат назначени и три заменици министри од кои еден во Министерството за образование и наука, еден во Министерството за култура, за третиот ресор останува дополнително да прецизираме, иако разговаравме за заменик министер за земјоделство. Алтернатива ќе превзеде одговорност во менаџирањето на управувачките и одговорните органи во повеќе институции на централно и подрачно ниво. Меѓу другото, од нив поважните ги издвојуваме МЕПСО, ПИОМ, МЖ Транспорт, Клинички центар Тетово, агенција за странски инвестиции и други, информираше Заев.

Коронавирус