понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 63
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Познат идентитетот на четири од загинатите лица (ФОТО)

Познат идентитетот на четири од загинатите лица (ФОТО)

Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос е четвртата жртва од тешката сообраќајка кај Карпалак, чие име е објавено во јавноста.

Неговата фотографија и информациите за погреб се објавени на официјалната страница на селото на „Фејсбук“.

Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово, објави „Република“.


Погребот на момчето ќе се одржи денеска.

Досега е потврдено дека во превртениот автобус животот го загубија и Јовица Трпевски, Зоран Давидоски.