среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Познат целосниот идентитет и на момчето кое загина на Кајмакчалан

Познат целосниот идентитет и на момчето кое загина на Кајмакчалан

Пронајдени се безживотните тела на двајцата планинари по кои од вчера се трага на Кајмакчалан.

Едно од лицата е пронајдено во провалија, а другото премрзнато во падините на планината Ниџе.

Планинарите се префрлени со возило на итната помош во болницата во Воден каде ќе се утврдуваат причините поради кои настапила смртта. Од болницата во Воден не откриваат никакви детали.

-МВР попладнево доби потврда за идентитетот од грчките колеги. Станува збор за Калина Велевска и Александар Миновски од Скопје. Искусни планинари кои биле дел од друшвото Трансверзалец од Скопје. Девојката пред извесно време добила и сертификат за водич, ибјави Сител.

Инаку двајцата планинари вчера беа пријавени кај грчката полиција околу 15 часот попладне од кога почнала и потрагата по нив. Претходно била најавена снежна бура во овој регион. Во услови на снег и силен ветер се пребарувани долж целата планина. По кратко време откако се пријавени за исчезнати , биле лоцирани нивните мобилни телефони на стотина метри на територија на РМ. Околу 2 часот по полноќ било пријавено во МВР од кога е и почната истрага на македонската страна од планината.

Во пребарувањето беше вклучен хеликоптер на МВР, спасувачи од полицијата, ДЗС, планинарската федерација.

Искачувањето на врвот Кајмакчалан е една од подостапните планинарски рути од грчката страна но што точно се случило не можат да претпостават.

Групата била составена од 50 планинари кои тргнале кон искачување на врвот Кајмакчалан. Тие престојувале во туристичко место Лутраки во Воден.

Според пријавата на планинарското друштво, двете лица по кратко време откако тргнале да се искачуваат по планината Ниџе се загубиле.