петок, 5. август 2022. Вести денес: 200
home Вести

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово – нема опасност по населението

Пожарот во Прешево видлив и во Куманово – нема опасност по населението

Пожарот што попладнево избувна во околината на Прешево во соседна Србија е видлив и во Куманово.

Според пишувањата на српските медиуми, опожарени се 50 хектари борова шума. Српските медиуми јавија дека е прогласена вонредна состојба на таа територија.

Во гаснењето на пожарот учествуваат противпожарни екипи и дел од месното население. Од Службата за вонредни ситуации во општина Прешево за РТС изјавиле дека нема опасност по населението. (МИА)

Коронавирус