четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Пожари беснеат низ Македонија, а власта ништо не презема

Пожари беснеат низ Македонија, а власта ништо не презема

Изминатиот месец дена Македонија гори. На територијата на Република Македонија се случуваат по 2-3 пожари и тоа сериозни кои со помош на доброволци едвај се гаснат. А, власта молчи и ништо во врска со ова не презема за да се намалат пожарите во државата.

Последниот таков пожар беше вчера на Пинтија. Гореше сува трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот беше вклучено и локалното население. Граѓаните стравуваа дека стихијата може да дојде до нивните домови.

Слични вакви пожари имаше и низ другите делови на земјата.

Таков посериозен беше во охридскиот Велмеј. Велмејска парохија на Македонска православна црква – Охридска архиепископија јави по медиуми за драматичниот развој на ситуацијата со пожарот што се доближил 400 метри до селото Велмеј во општината Дебарца. Дури според изјавите на жителите последната цистерна на охридската противпожарна единица останала во селото оддалечено 13 километри источно од магистралниот пат Охрид – Кичево, но пожарот почнал да се префрла и накај Сошани, кое се наоѓа 3,5 км од Велмеј. Непроодниот и тешко пристапен терен оневозможил да се интервенира со противпожарни возила по што се вклучиле двата авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, но и луѓе кои го гаснеле пожарот доброволно.

Дури по неполна седмица во село Зајас се регистрираше и втор пожар.

Шумски пожар избувна и  на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Беше опожарена е дабова и деградирана шума.

А, денес актуелен пожар е во селото Групчин во општина Желино. Пожарникарите веќе се на местото на настанот и прават напори да го контролираат пожарот и да го изгаснат целосно.

Пожарникарите секојдневно се соочуваат со маки, имаат стари возила кои често се расипуваат, недостиг на кадар. И нивниот живот го ризикуваат поради неефикасната опрема што ја имаат. Паралелно државава има само половина од потребните професионални пожарникари, покажуваат податоците на Дирекцијата за заштита и спасување. Наместо еден пожарникар на најмногу 1.500 жители, лани сме имале 747 пожарникари, односно еден на 2.778 жители.

За тоа говори и пожарот во Кисела Вода кога не можеа да го згаснат бидејќи цревото не беше во ред.

Сето ова укажува на неспособноста на локалната и централна власт која треба да ги опреми противпожарните единици и да се вработат повеќе пожарникари, но исто така да се гонат и тие кои што ги подметнуваат истите.