вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 173
home Вести

Пожар во зграда во изградба кај Педагошки факултет

Пожар во зграда во изградба кај Педагошки факултет

Пожар избувна попладнево во зграда во изградба лоцирана на булеварот „8 Септември“ спроти Педагошкиот факултет.

Од МВР за Курир информираат дека пожарот кај нив бил пријавен од случаен минувач во 15:40 часот кој рекол дека се гледа густ црн чад.

Командирот на противпожарната бригада на градот Скопје, Ѕвонко Томевски во изјава за Курир вели дека пожарот е локализиран.

-По пријавата веднаш е излезено на терен со пет возила. Пожарот избувнал на фасадата од стиропор, на зграда која е во изградба, но истиот е локализиран, вели Томевски за Курир.

Причините засега не се познати.

Најнови вести

Коронавирус