сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 89
home Вести

Пожар во ветеринарното училиште во Драчево: Учениците ги спасуваа животните (ВИДЕО)

Пожар во ветеринарното училиште во Драчево: Учениците ги спасуваа животните (ВИДЕО)

Пожар избувна утринава на фармата, која е дел од средното ветеринарното училиште “Браќа Миладиновци” во Драчево. Нема повредени во инцидентот, а учениците веднаш ги евакуирале животните од непосредната близина. Пожарот се случил додека средношколците им носеле храна на животните на фармата. Најверојатно дошло до контакт меѓу најлон од храната и електричен кабел. За кратко време огнот го зафатил целото сено, објавува Сител.

-Учениците многу трезвено размислуваа на кој начин да постапат. Најпрво ги евакуираа животните кои се најблиску до пожарот, а потоа почнаа и самите да го гасат. Во меѓувреме, додека тие го правеа тоа, ние повикавме пожарна. Тие дојдоа за многу брзо време, вели Елизабета Ангелеска, директорка на СУГС Браќа Миладиновци.

Според првичните проценки, штетата на фармата каде учениците изведуваат практична настава, изнесува околу 1.000 евра, но поголем проблем е што е уништена целата храна за животните на фармата.

-Денес се случи несреќа, ни се запали сламата и сеното што го имавме, односно храната за животните кои се наоѓаат тука, за коњите, за срните, овците итн. Сите реагиравме брзо и ученици и професори, викнавме пожарна. Додека дојде пожарната ние веќе го имавме колку-толку под некаква контрола огинот. Потоа, кога дојде пожарната го изгасивме сосема. Не знам што понатаму да кажам, освен да се најдат некако донации нешто за да можеме да купиме и обезбедиме повторно храна за овие животни, вели Давид Кавраков, ученик во ветеринарното училиште.

Повеќе од два часа пожарникарите го гасеа огнот на фармата, каде се наоѓаат голем број домашни и диви животни.

Коронавирус