вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 25
home Вести

Пожар во стан во близина на Сити мол, евакуирана неподвижна жена

Пожар во стан во близина на Сити мол, евакуирана неподвижна жена

Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, во 14.30 часот  избувнал пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување.

– Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета. Нема повредени, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Теротиријалната противпожарната единица на Град Скопје.

Интервенирано било со седум возила и 15 пожарникари. Противпожарните екипи навреме стигнале на местото и евакуирале една неподвижна жена во стан од погорните катови.

Коронавирус