сабота, 8. август 2020. Вести денес: 23
home Вести

Пожар во Куманово: Гори објект на поранешниот „Жито-мел“

Пожар во Куманово: Гори објект на поранешниот „Жито-мел“
архива

Кумановските пожарникари веќе еден час се обидуваат да го локализираат пожарот на еден од објектите на поранешниот „Жито-мел“ на булеварот „Октомвриска револуција“.

Од кумановската противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 18.25 часот, по што на интервенција се упатила екипа со едно противпожарно возило.

Од почетокот на годинава оваа е петта интеревнеција на овој објект, кој е познат во Куманово како поранешен млин на „Жито мел“. Во овој објект често може да се забележи стара покуќнина која ја оставаат несовесни граѓани.

Изминативе години често се случуваат пожари на еден од објектите на овој поранешен најголем производител на леб и бели печива.

Коронавирус