недела, 19. септември 2021. Вести денес: 86
home Вести

Пожар во куќа во Струмица, едно лице пронајдено во безсознание

Пожар во куќа во Струмица, едно лице пронајдено во безсознание

Во куќа во селото Добрејци утрово околу 7 часот избувнал пожар во кој по пребарувањето е најдено едно лице во бесознание поради густиот чад.

-Лицето е извлечено и извршена е реанимација по што е предадено на екипа на Брза помош, соопштија од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

По реанимацијата и укажаната прва помош лицето е упатено на домашно лекување.

Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и пет пожарникари.

Коронавирус