вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Вести

Пожар во Делчево: Гореше борова шума кај месноста Брежје

Пожар во Делчево: Гореше борова шума кај месноста Брежје
илустрација

Околу 15 декари дабова шума, смрека и висока трева, гореше попладнево во месноста Брежје во близина на Делчево.

Како што информираат од ТППЕ Делчево, пожарот бил пријавен во 13:15 минути по што веднаш било пристапено кон негово гаснење.

– По дојавата од совесни граѓани, во 13:25 екипите од противпожарната еднициа излегоа на терен и за краток временски период го локализираа пожарот. За акцијата беа ангажирани две пожарникарски екипи со две противпожарни возила односно шест пожарникари, истакнаа од ТППЕ Делчево.

Од ТППЕ додаваат дека во близина на пожарот имало повеќе пчелни сандаци и вила, додека најблиското населено место било на поголема одалеченост. За среќа како што вели дежурниот вработен во делчевската противпожарна единица, пожарот е лоциран на време и навреме е изгаснат без притоа да се направи штета на објектот и пчелните сандаци.

Пред три дена во слична акција пожарникарите го локализираа пожарот во месноста Пасјак во близина на с.Истевник.

Причините кои го предизвикале пожарот и во двата случаја допрва ќе бидат утврдени.