среда, 2. декември 2020. Вести денес: 11
home Вести

Пожар на непристапен терен на Скопска Црна Гора

Пожар на непристапен терен на Скопска Црна Гора

Се е уште е активен шумскиот пожар што вчера попладне избувна на Скопска Црна Гора, помеѓу селата Блаце и Горно Блаце, информира за МИА Владимир Симоновски, командант на скопската Противпожарна бригада.

Симоновски информира дека пожарот, во којшто е зафатена мешана шума, во моментов го гаснат 18 вработени во шумското стопанство „Караџица“.

-Пожарот е на многу непристапен терен. Ќе се следи ситуцијата. Доколку има потреба во текот на денот ќе се вклучиме и ние и евентуално хелихоптери за негово гаснење, рече Симоновски.

Во текот на вчерашниот ден екипи на Противпожарната бригада биле на терен и учествувале во гаснење на пожарот.

Засега нема информација која е причината за избувнување на пожето. Се претпоставува дека шумата ја имаат запалено дрвокрадци.

Коронавирус