сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Вести

ПОЖАР КАЈ ЕЗЕРОТО ТРЕСКА: Капијата на Комплексот затворена, пожарникарите барале асистенција од полиција- еве ги деталите

ПОЖАР КАЈ ЕЗЕРОТО ТРЕСКА: Капијата на Комплексот затворена, пожарникарите барале асистенција од полиција- еве ги деталите

Пожар избил попладнево околу 17 часот во комплексот Треска. Горело ѓубриште, трева и суви гранки, информира за КУРИР командантот на противпожарна бригада Скопје Владимир Симоновски.

Како што дознава КУРИР, дополнителен проблем се појавил кога пожарникарите кои требале да интервенираат на пожарот во близина на езерото, наишле на затворена капија со катанци и ланци на Комплексот.

Бидејќи не можеле веднаш да влезат да го изгаснат пожарот, побарале асистенција од полиција, односно барале полициски службеници да присуствуваат на местото на настанот кога требало да го скршат катанецот.

Но, по извесно време се појавил директорот на Комплексот и ја отворил капијата, а пожарникарите влегле и веднаш го изгаснале пожарот кој се проширил на околу 3.000 квадрати.

 

Коронавирус