петок, 24. септември 2021. Вести денес: 44
home Вести

Пожар избувна и во Овче Поле, гори сува трева и борова шума (ВИДЕО+ФОТО)

Пожар избувна и во Овче Поле, гори сува трева и борова шума (ВИДЕО+ФОТО)

Гори сува трева и борова шума во атарот на светиниколското село Богословец. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека зафатени се околу 100 хектари сува трева и мала површина на борова шума. Огнената стихија се спушта од селото Богословец и оди во правец кон експресниот пат Штип – Велес.

– Пожарот е далеку од екпресниот пат Штип – Велес, гасењето го отежнува ветерот. На терен веќе три часа се 10 пожарникари и околу 30 лица од доброволното Противпожарно друштво на Свети Николе, вработени во Национални шуми и од светиниколското комунално претпријатие, изјави Велковски.

Поради силниот, но топол ветер, мирисот на чад се чувствува и во првите населби во Штип, па штипската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) добива постојано повици дали имаат некаде активен пожар.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов, изјави дека во штипскиот регион нема повици за активни пожари. Во моментов дел од штипските пожарникари се во Пехчево, и на два дена ротираат, со цел да се спаси Малешевско-пијанечкиот регион.

Коронавирус