сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Повторно тонч- ДУИ и СДСМ немаат договорено влада

Повторно тонч- ДУИ и СДСМ немаат договорено влада

Откако излегоа информации дека ДУИ и СДСМ договориле влада, сепак преговорите се во ќорсокак и според последните реакции на партиите јасно се гледа дека се заглавени преговорите.

Од СДСМ ја демантираа веста објавена на Канал 5, а пренесена од неколку медиуми, дека е договорен премиер по принципот 3+1.

Сė уште не е постигнат договор меѓу ДУИ и СДСМ за состав на новата влада, се огласија и од партијата на Али Ахмети.

Претходно Канал 5 телевизија објави дека СДСМ  со ДУИ се договориле 3 години премиер да биде Зоран Заев, а една година Насер Зибери.

Инаку од денеска тече првиот од дваесетте дена кои Зоран Заев како мандатар ги има на расплогање да собере 61 потпис да формира влада.

Вчера Претседателот Стево Пендаровски му го додели мандатот на Претседателот на СДСМ Зоран Заев, откако имал телефонски разговор со него, иако Заев не достави потпис од 61 пратеник.

Со тоа јасно е дека Пендаровски постапи спротивно на членот 80 каде вели дека претседателот е должен да даде мандат на партијата или партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Во моментов ниту една партија и коалиција нема мнозинство во Собранието па оттаму прашањето е на што се должи довербата на Пендаровски дека токму Заев ќе направи влада.

Очигледно е дека Пендаровски со своето однесување се стави во служба на Заев па оттаму и револтот кај ВМРО-ДПМНЕ кои најавија дека ги замрзнуваат односите со Кабинетот на шефот на државата.

Коронавирус