сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 83
home Вести

Повторно се огласи Ана, жртвата на „Јавна соба“

Повторно се огласи Ана, жртвата на „Јавна соба“

Ана Колева од Кавадарци е девојката која прва јавно се обрати до јавноста, откако нејзини слики беа злоупотребени во „Јавна соба“.

Ана има 28 години и јавно реши да бара правда, а воедно и да ги охраби сите девојки кои се наоѓаат во слична ситуација, да не молчат, туку да се борат за своите права.

Ана уште еднаш се обрати јавно на својот Инстаграм профил, охрабрувајќи ги сите девојки.

-Имаш право да живееш како сакаш. Имаш право да знаеш дека не си сама. Имаш право на поддршка. Имаш право на разбирање. Имаш право на заштита. Да те слушнат и да ти веруваат,да те разберат и да ти помогнат. Затварањето во себе не е решение, молчењето не решава ништо. Имаш право да ја раскажеш твојата приказна, да помогнеш на себе и така да помогнеш и на другите. Твојата приказна е важна, ТИ си важна ! НЕ СИ САМА !!, напиша Ана.

Ана неодамна за КУРИР, откри:

-Никој не може да одговори како јас се најдов во „Јавна соба“, таму има многу девојки, така да ете некој мислел дека ете мене треба да ме стави таму и да ме објави мене и мојот телефонски број. За почеток на повиците не одговарав, а повиците беа „здраво како си“ и стартно не знае што се случува и од каде доаѓа тоа. На лице место кога го добив одговорот од полицијата дека со тоа што јас сум полнолетна и дека нема закон за тоа видов дека не само јас, туку било која девојка која отишла да пријави истото ја снашло и беше тоа мотивот што ме натера да направам нешто и да издејствувам да се смени тоа и кога ќе се обратиме во институција да добиеме соодветна заштита и соодветна постапка.

Коронавирус