петок, 20. мај 2022. Вести денес: 112
home Вести

ПОВТОРНО НИ ДОАЃА СНЕГОТ – еве што не очекува овој викенд, особено почнувајќи многу набрзо

ПОВТОРНО НИ ДОАЃА СНЕГОТ – еве што не очекува овој викенд, особено почнувајќи многу набрзо

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.

Во петок времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено наутро и претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови од земјава, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува особено во источните подрачја. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Во сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито. Во северните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот пблачноста ќе се зголеми и ќе има локален слаб снег.

Коронавирус