четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 54
home Вести

ПОВТОРНО ДОЖД ВО СКОПЈЕ: УХМР најавува уште долго ќе имаме вакво време, дополнително следува и сообраќаен хаос попладнево

ПОВТОРНО ДОЖД ВО СКОПЈЕ: УХМР најавува уште долго ќе имаме вакво време, дополнително следува и сообраќаен хаос попладнево

Прогнозата на УХМР и денеска се остварува.

Делови од Скопје и во овој момент се зафатени од големо невреме проследено со дожд, грмежи, а според метеоролозите во некои делови проследено и со град.

Во Скопје како и вчера и денеска дождот им прави проблеми на возачите, па така метежот низ булеварите  е се поголем со оглед на тоа дека во 15 часот е закажан и нов протест на три локации во главниот град.

Времето утре ќе биде претпладне ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Додека и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд и појава на грмежи во попладневните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ЕУРО 2020

Македонија