понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

ПОВТОРНО ДОЖД ВО СКОПЈЕ: Невремето предизвика и хаос во сообраќајот, во наредните денови УХМР најавува уште повеќе дожд!

ПОВТОРНО ДОЖД ВО СКОПЈЕ: Невремето предизвика и хаос во сообраќајот, во наредните денови УХМР најавува уште повеќе дожд!

Прогнозата на УХМР повторно се остварува.

Во моментов во Скопје врне дожд, проследен со ветер и грмежи.

Дождот во овие моменти предизвикува и хаос во сообраќајот со оглед на тоа дека многу граѓани си одат дома по завршување на работното време.

Освен тоа дополнителен проблем се и затворените булевари поради најавените протести во главниот град.

Инаку УХМР и за утре најавува променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд за кратко време и појава на град.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крај на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР ИЗДАДЕ И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

До недела продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, а околу пладне и попладне на повеќе со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

ЕУРО 2020

Македонија