вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 144
home Вести

Повремени прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Повремени прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

На патниот правец Кичево – Охрид кај с. Врбјани, на ден 06.10.2020 (денес) поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12:00 и 15:00 часот, сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус