понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 11
home Вести

„Повратот на ДДВ кој толку многу го ветуваа не дава резултати“

„Повратот на ДДВ кој толку многу го ветуваа не дава резултати“

Во вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија „Сонце“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ниту една мерка која власта ја ветуваше, планираше и спроведе, а е дел од програмата „За живот“ за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година не е успешна. Како пример тој го посочи повратот на ДДВ и апликацијата „Мој ДДВ“ како мерка која што не ги дава ветуваните резултати, односно ниту буџетот акумулира повеќе средства, ниту кај граѓаните се враќаат сумите кои ги ветуваше Заев во предизборието.

-Се сеќавам пред некој ден ја слушам министерката за финансии, госпоѓицата Нина, вели успешна била реформата „мој ддв“. И ако ја отворите програмата од 2016-тата година наречена „Живот“ и ако го анализирате тоа што е предлог за „мој ддв“ ќе ги видите следните бројки кои што велат, акумулира 45 милијарди денари, со апликација на мерката „мој ддв“ ќе ги стимулираме граѓаните да бараат фискални сметки и тогаш нашите проценки се дека наместо овие 45 милијарди, приходите по основ на ддв ќе пораснат на 54 милијарди затоа што ќе ја сузбиеле сивата економија. 8 милијарди денари ќе отишле како поврат кај граѓаните по основ на оваа мерка „мој ддв“ , а една милијарда ќе останела во буџетот. Односно да бидам попрецизен околу 130 милиони евра планирале да враќаат кај граѓаните. Знаете колку ќе се вратат кај граѓаните за 1 година, 12 милиони евра. Знаете колку ќе се врати плус ддв во буџетот. Николку, напротив помалку. Така што ниту една мерка која што тие ја спроведоа, ја испланираа, ја предложија за време на најголемата политичка лага, за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година не се реализира, вели тој.

Коронавирус