вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Повозрасните наставници во паника: Тешко се снаоѓаме со новите технологии, онлајн предавањата ќе ни бидат проблем

Повозрасните наставници во паника: Тешко се снаоѓаме со новите технологии, онлајн предавањата ќе ни бидат проблем

Голем дел од наставниците, особено оние кои се неколку години пред пензија ги фаќа вистинска паника пред стартот на учебната година која речиси секаде ќе се изведува без физичко присуство, односно предавањата ќе се реализираат онлајн на неодмна презентираната Национална платформа за далечинско учење.

Велат дека во тек се обуки кои ги изведуваат нивни помлади колеги, но целиот процес како што истакнуваат се одвива многу споро.

-Платформата ја учиме секојдневно, но воопшто не ни е едноставна како што беше претставена. И разбирливо е, бидејќи голем дел од нас се при крајот на својот работен стаж. Се плашам дека ќе потфрлиме во наставниот процес, вели наставничката по хемија во едно од скопските училишта, кое имало доставено барање за настава со физичко присуство и за погорните одделенија, но сепак со одлука на владината Комисија и таму ќе има целосно онлајн настава.

Коронавирус