недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Повисоки трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

Повисоки трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 4,3 проценти, трошоците за материјали се повисоки за 1,7  проценти, а за вработените се повисоки за 11,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал годинава во однос на последниот квартал лани,  трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,6  проценти, трошоците за материјали се повисоки за 0,5 проценти, а за вработените се пониски за 3,1 процент.

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучување на градежните договори. (МИА)

Коронавирус