понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 111
home Вести

Повеќе трошиме од што заработуваме, велат земјоделците, а на Заев не му е гајле

Повеќе трошиме од што заработуваме, велат земјоделците, а на Заев не му е гајле

Лозарството во Тиквешијата е пред колапс. Лозарите се жалат на лошиот третман од страна на владата, но и на лошата откупна цена и пласман на нивниот производ.

Деновиве откако е актуелна темата за берба на грозјето во Тиквешијата, својот род го продаваат за потценувачки 2 денари по килограм грозје. Реагираат дека целокупното производство на грозјето ги чини многу повеќе од колку што на крајот ќе заработат, како и дека власта и премиерот Зоран Заев немаат слух и понатаму ги игнорираат нивните проблеми.

Земјоделецот Љупчо J. од Тиквешијата, вели дека повеќе има трошоци отколку што заработува, како и дека работат и на минисуни и на пеколни температури, но поради несериозноста од власта е решен да си замине бидејќи не гледа иднина ни за себе ни за своите внуци во државата.

-Повеќе трошиме отколку што заработуваме. Целокупниот процес за да го добиеме крајниот производ, грозје е многу мачен и тежок, работиме зимно време на минус температури, а го береме летен период на плус 40 степени. Никој не ја знае маката на лозарите се додека не почни да работи со земјоделие, и на крај не потценуваат, грозјето ни го земаат за само 2 денари, а не знаат дека основни трошоци за производство само за денот на бербата е од 4 до 5 денари. Ова е апсурдно. Владата нема ниту слух, ниту пак сака да го реши нашиот проблем, најдобро ќе биде сите да се откажеме од земјоделие, вели земјоделецот кој додава:

“Јас и моето семејство заработуваме само од земјоделието, никој не е вработен во државна институција. Ама размислуваме веќе да се откажеме од ова и да одиме во странство да работиме, и онака ние тука сме граѓани од десетти ред, владата не ја интересира за нас, зошто би останал тука, нема да можеме да преживееме. Гледам деновиве даваат некои картички а не знаат дека сето тоа е краткорочно, животот не е еден ден или еден месец. Многу сум разочаран, не гледам иднина тука, ниту за мене, ниту за моите два сина, ниту за моите внуци”.

Целокупниот процес за производство на грозјето започнува од 14 февруари на празникот Св. Трифун, со кроење на лозите, понатаму лозарите се припремаат за изнесување на прачката, следува процесот на врзување, а во меѓувреме и прскање за заштита од болести, пепелница и инсекти, понатаму подлачување на лисна маса, па циклус на прскање и орање од 14 до 21 ден зависно од сортата на грозјето 4 до 5 пати, доколку се работи за покасна сорта на грозје се прска и ора до 7 пати и почеток на бербата изнесува вкупно 12.000 денари или 200 евра.

Доколку еден земјоделец има 20 декари, целокупното производство ќе го чини 4000 евра, а од 20 декари може да се производе отприлика од 20 до 25 тона грозје во зависност од сортата и староста на лозовиот насад. Ако се земе просечна цена од 10 денари, а не како што го плаќаат по 2 денари како сега, тогаш од 25 тони грозје би излегло 250.000 денари или 4150 евра.

Според оваа пресметка, еден лозар би заработил 150 евра или 9000 денари за целокупното продадено грозје. Лозарите, велат дека ова не само што е понижувачко, туку и потценувачко за трудот и маката.

Реална помош за лозарите се уште нема, а се чини дека власта нема ниту слух, ниту пак решенија за проблемите на лозарите кои веќе четврта година се на удар откако на власта е СДСМ.

loading...