среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од 17 000 граѓани ја потпишаа петицијата за прв премиер Албанец

Повеќе од 17 000 граѓани ја потпишаа петицијата за прв премиер Албанец

За само една недела, повеќе од 17.000 граѓани ја потпишаа петицијата „Зошто не?“ како подршка за назначувањето на првиот премиер Албанец во Република Македонија, по изборите на 15 јули. Но, покрај граѓаните, Иницијативата за премиер Албанец е силно поддржана од граѓанското општество: Денес, четри албански невладини организации и се приклучија на иницијативата:

1.Организацијата за развој, напредок и афирмација на театарот „УЛТРА“, која ја остварува својата активност во областа на културата, како што е организирањето претстави и други културни активности, итн.
2. Невладино здружение„ Еко Карадаку“, село Отле, Општина Липково, кое главно се занимава со активности од областа на екологијата и заштитата на животната средина. НВО „Еко Карадаку“ исто така работеше на подигање на свеста кај граѓаните за чиста животна средина.
3. Движењето „Милениум Тетово“, организација со седиште во село Слатина, Општина Тетово, чија главна активност е одржување на дигитални курсеви и опремена со меѓународни лиценци за Microsoft и одржување курсеви за странски јазици.
4. Движењето „Вепро“, со седиште во Струга, е младинска граѓанска организација која ја како основна активност и е демократизацијата на младите и подигнувањето на граѓанската свест

-Ние ја поддржуваме иницијативата ‘Зошто не’, затоа што веруваме дека премиерот Албанец, ќе донесе еднаквост. Албанската уметност и култура имаат иста важност во културното наследство на државата. Време е албанската култура да биде подеднакво видлива и да се добие еднаква поддршка од државната, објаснуваат од невладината организација „УЛТРА“ за причините зошто ја поддржуваат иницијативата.

-Ние се соочуваме со проблеми во животната средина, особено во албанските населби – но тоа не затоа што Албанците се помалку свесни за животната средина, туку затоа што има потреба од подеднаков развој на модерната инфраструктура, како што се канализационите системи и управувањето со отпад. Од еден премиер Албанец, очекуваме еднаква распределба на државниот буџет и поддршка за заштита на животната средина – потенцираат од невладината организација „ЕКО“од Липково.

Невладините организации како што се движењето „Милениум Тетово“, движењето „Вепро“ и „Дарданија“, очекуваат подобрување на граѓанските права и еднаквоста во државата: „Еднаквост и граѓански права за албанските граѓани е целта на нашето постоење, тие се причината за нашето делување. Затоа, ние ја гледаме како наша должност поддршката на иницијативата за назначување на премиер Албанец, како силен знак за еднакви права за немнозинските етникуми“.

Заедничката поддршка на невладините организации од различни области и региони, како и потпишувањето на петицијата од страна на повеќе од 17.000 граѓани во рок од една недела, покажува дека „Зошто не?“, се претвора во граѓанско движење во кое граѓаните и претставниците од сите слоеви на општеството ја поддржуваат каузата на премиерот Албанец.

-Ние сме многу горди за силната поддршка што ја добиваме од граѓанското општество. Но, сепак ги повикуваме сите албански политички партии да се приклучат кон оваа кауза. Првиот премиер Албанец е во интерес на сите граѓани, и затоа партиите мора да ги остават настрана своите интереси и да се обединат за да го остварат овој реален сон, се вели во иницијативата.

На www.kryeministrishqiptar.mk граѓаните сè уште можат да ја потпишат петицијата. За само една недела, повеќе од 17.000 потписи се огромен успех. Невладини организации, спортски клубови и сите други организации, се исто така поканети да се приклучат на иницијативата – како Албанци така и други. Премиерот Албанец ќе придонесе за рамноправно општество, и тоа е во интерес на сите. Нашата платформа е отворено движење и ги покануваме сите да ни се придружат, сите кои сакаат модерна, европска држава и рамноправно општество, за сите граѓани!

Коронавирус