сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 7
home Вести

Повеќе од 10 часа трае рочиштето за „Тенк“: Судот ги одби сите барања и приговори на одбраната, ќе се слушаат “бомбите“

Повеќе од 10 часа трае рочиштето за „Тенк“: Судот ги одби сите барања и приговори на одбраната, ќе се слушаат “бомбите“

Со часови се одржува рочиште за случајот на СЈО „Тенк“. Она што е симптоматично за целиот процес е фактот дека судот ги одбива сите барања и приговори на одбраната. Повеќе од 10 часа трае рочиштето.

Апелацискиот суд го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет за истиот предмет.

Беше одбиено да не се изведуваат јавно материјалите, а не беше прифатено ниту да се издвојат осум аудио снимки од листата на докази бидејќи истите се веќе јавно објавени.

Одбиено е и барањето да се исклучи јавноста од судењето. Судот го одби и приговорот околу тоа дека снимките не треба да ги репродуцира лице вработено во судот.

Обвинетите бараа потврда на автентичноста на разговорите. Тие ја спорат вистинитоста, бараат доказ дека тоа се нивните гласови, дека континуитетот на разговорите не е менуван, бараат потврда за точноста на времето кога почнале и кога завршиле. Беше одбиена и потребата од докажување на автентичноста на снимките.

Рочишта од утро до мрак за да се задоволат политички нарачки

Гордана Јанкуловска лично бараше судот да се произнесе по однос на автентичноста на незаконски прислушкуваните материјали.

-Барам од судот да се изјасни за автентичноста на незаконски прислушуваните материјали. Побарав од СЈО да ми ги достави тие материјали за да ги остварам моите права, но одговор не добив. Поднесов претставка до Народниот правобранител и тој исто така дополнително ја потенцираше потребата од автентичноста на овие материјали. СЈО до Народниот правобранител доставило известување во кое се вели дека покренат е обвинителен акт, по кое ќе следи дополнително утврдување дали телефонските броеви 070 401425 и 070 305123 се претходно незаконски следени и дали тие броеви се јавуваат како броеви на други лица кои биле следени. Во оваа фаза кога и СЈО изразува дилема по однос на автентичноста потребно е недвосмислено да се утврди согласно член 6 од Законот за комуникации, дали материјалите се автентични, рече Јанкуловска.

Груевски: Одбиеното изземање на судиите доказ дека ова е политички, а не правен процес

Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО.

– За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се процесираше, денеска се одби. Тоа покажува дека не станува збор за правен, туку за политички процес, рече Груевски.

Потенцираше дека против денешното одбивање на барањето, одбраната нема право на жалба и дека со тоа се потврдува дека станува збор за политички прогон. Нагласи дека мината недела, оваа и следната недела секој ден ќе биде повикуван на рочишта, што и според него, е во директна спротивност со начелата на судот во Стразбур за да не се даде можност за подготовка на одбраната. Груевски рече дека со ова се оневозможува и неговата работа во Парламентот за да не може да биде политички активен.

Сведокот во „Тенк” потврди дека набавката на „Мерцедесот“ била нужна и законска

Сведокот во „Тенк“ Ристо Ставревски, кој во 2012-та година бил советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, денес потврди дека набавката на „Мерцедесот“ била нужна и законска.

– На 16-ти април 2011 година, кога во с. Јегуновце заедно со министерот за внатрешни работи бевме во работна посета, бевме нападнати со огнено оружје поточно со автоматски пушки и рачен минофрлач. Тоа беше криминална банда која бегаше од полицијата по претходно извршен грабеж. Помислиле дека ние сме поставиле блокади и не нападнаа. По овој немил настан сугерирав и упатив забелешки при креирањето на годишниот план за јавни набавки, рече во судницата сведокот во „Тенк“ Ристо Ставревски.

Тој и министерот за внатрешни работи морале да се засолнат во околните куќи во Јегуновце и да го чекаат блиндираното возило дури 2 часа бидејќи со истото тој ден се превезувале странски делегации.

Во тој период имаше и поплаки од делегациите кои се превезуваа во дотраените блиндирани возила кои имале чести кварови.

Ад хок комисијата за јавни набавки, на која 3 години бил претседател Ставревски, работела по член 7 од Законот за јавни набавки. Според сведокот, оваа комисија е исклучена од јавни набавки поради безбедност на државата.

Најнови вести