петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 119
home Вести

Повеќе не му веруваат ниту нему, ниту на власта: Анкетите откриваат зошто Заев сака брзи избори среде коронавирусот

Повеќе не му веруваат ниту нему, ниту на власта: Анкетите откриваат зошто Заев сака брзи избори среде коронавирусот

Секојдневните анкети во јавноста се само уште еден доказ во низата зошто претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев бара брзи избори среде коронавирусот кога животите на граѓаните се во опасност.

Имено според анкетите направени во јуни и тие од пред неколку месеци јасно се гледа како граѓаните сфаќаат дека владата предводена од СДСМ е неспособна и не мрднува со прст за нив.

На граѓаните од ден на ден се повеќе им е јасно дека оваа влада не направи ништо, а и тоа малку направено лошо го менаџираат.

Промената на довербата и расположението кај граѓаните особено во овој период на пандемијата е импакт само поради лошото справување со истата од страна на власта.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 5 Јуни 2020 на 1100 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за состојбите со коронавирус.

Според податоците од анкетата, расте незадоволството кај граѓаните во институциите и работата на надлежните во справување со Ковид-19. Ако во април повисок бил процентот на анкетирани граѓани кои биле задоволни од работата на надлежните, во јуни ситуацијата е промената. Најголем дел од граѓаните, 32 проценти се незадоволни од работата на надлежните институции, додека 19.5 проценти донекаде не се задоволни.

Податоците на ИПИС говорат дека 20,2 проценти се донекаде задоволни, а за задоволни се изјасниле само 17,2 проценти. Разликата во задоволството кај граѓаните е изразено со 22,5 проценти во однос на овие два месеци.

Високи 48,3 проценти од граѓаните сметаат дека Македонија се справува полошо со кризата со коронавирус од другите земји во регионот. Во месец април 49 проценти дека Македонија исто се справува, а дел дури и подобро. Ситуацијата драстично е променета по само два месеци.

Од ИПИС информираат дека истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Преку анкетата може да се заклучи дека граѓаните се убедени дека катастрофалните одлуки кои ги носи владата ќе удрат по економијата, особено по џебот на граѓаните и ќе биде уште полошо во блиска иднина, тврдат граѓаните во анкетите.

Особено со укинување на мерките среде пандемија и статистика од над 150-тина заболени во еден ден граѓаните сфатија колку многу и гори на власта за организирање на брзи избори се со цел да се замае јавноста додека последиците не излезат на виделина од оваа корона криза.

Над 40 проценти од граѓаните се за избори во август или септември

Граѓаните се согласуваат дека подобро е да има избори кон крајот на август или септември со цел да се намали ризикот од новозаразени од коронавирус и да се обезбеди поголема излезност.

Податоците од најновата анкета на ИПИС говорат дека 40,2 проценти од испитаниците се согласиле со избори во август или септември, додека 24,8 проценти сметаат дека подобро е да има избори на почетокот на јули за да има целосно функционални институции.

На ова прашање се изјасниле дека немаат одговор 35 проценти од анкетираните.

Коронавирус