среда, 2. декември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Повеќе македонски државјани со симптоми на корона вирус во авион кој слетал во Скопје од Брисел, се чекаат резултати од тестовите

Повеќе македонски државјани со симптоми на корона вирус во авион кој слетал во Скопје од Брисел, се чекаат резултати од тестовите

Во овој момент е слетан авион од Брисел и имаме информација дека има повеќе луѓе, наши државјани, со симптоми на корона вирусот, соопшти на вечерашната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека во овој момент се прави скрининг на сите патници, при што тие со симптомите ќе бидат пренесени на инфективната клиника каде ќе бидат тестирани за можно присуство на коронавирусот и додека тие резултати не стигнат, патниците ќе чекаат на аеродром.

Вечерва ќе се одлучи што ќе се прави, дали согласно распоредет на седење во авионот, дел ќе бидат опфатени со мерката за домашна самоизолација или ќе бидат ставени во објектите кад што е организирана изолацијата” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Коронавирус