сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 92
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Поучен апел до македонските граѓани од продавачка во супермаркет

Поучен апел до македонските граѓани од продавачка во супермаркет

До редакцијата на КУРИР пристигна апел до граѓаните од продавачка во еден познат скопски супермаркет.

Со оглед на фактот што тие деновиве не се ослободени од работа, а постојано се во контакт со голем број на луѓе, можеме слободно да оцениме дека се меѓу најхрабрите работници.

Секојдневно се соочуваат со низа проблеми, па затоа одлучивме да го објавиме поучниот апел до граѓаните.

Пораката која ја добивме ја пренесуваме во продолжение: 

Здраво Курир,како вработена во супермаркет сакам да испратам апел до сите граѓани.

Сите знаеме дека веќе три недели сите живееме под стрес и страв од новиот Корона вирус.Покрај сите напори и мерки за претпазливост се покажува колку не сериозно ја сфаќаме целата оваа ситуација. Јас како вработена во маркет слободно можам да кажам дека препораките во однос да претпазливоста и движињето за време на пазарењето не се почитува (растојание од 1 метар помеѓу двајца потрошувачи) па приморани сме да ги пуштаме потрошувачите на тури поради големите гужви кои се прават како на каса така и низ маркет.

Не можам да верувам како некои потрошувачи купуваат по 2-3 пакети брашно,масло,шеќер,млеко,тестенини и тоалетна хартија. Прво не можам да сфатам што прават со толкави залихи кои обично би ги потрошиле за месец дена,второ не можам да сфатам како луѓето толку несовесно и себично прават свои залихи така што не дозволуваат и не останува за другите потрошувачи апсолутно ништо.

Јас разбирам да се купи по 2-3 кг брашно или масло ама ова е навистина претеризам. Секојдневно слушам коментари од потрошувачите “леле останав без капка масло, или останав без зрно шеќер,брашно”. Не грижете се нема да останете без храна,ние ќе ви стоиме на располагање и залихи ќе има за сите се додека сите разумно пазарувате.

Веќе две недели обемот на работа ни е значително зголемен, а ние како персонал работиме со истиот капацитет како и пред Корона вирусот. Ние вработените во маркетите ги даваме сите напори и остануваме максимално посветени и лојални на работата,иако и ние самите сме изложени на ризик исто колку и вие самите потрошувачи. И ние стравуваме да не го однесеме вирусот дома на нашите семејства.

Не грижете се за нас вработените, нашата компанија ќе не награди за нашата лојалност и труд, но молам за малку почит од вас потрошувачите. Многу едноставно е, пазарете колку за едно недела залиха и седете дома,така прво Вие ќе се заштитите а после и сите други околу вас.

Почитувајте ги препораките кои секојдневно кружат по медиумите и на интернет, да не дозволиме да ни се случи истото што и се случи на Италија. Ајде сите заедно да покажеме дека можеме да го надминеме ова лудило, ајде сите заедно да покажеме дека навистина ни значи нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Седете дома, нема да верувате колку љубов,топлина и среќни моменти сме испуштиле со брзиот начин на живот кој што верувам на сите ви е таков.

И уште нешто, не заборавајте често да ги миете рацете и да се дезинфицирате.

Коронавирус