вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Потврдени вкупно над 3000 случаи на коронавирус во Македонија, дневната статистика не паѓа под 100 новозаболени

Потврдени вкупно над 3000 случаи на коронавирус во Македонија, дневната статистика не паѓа под 100 новозаболени

Институтот за јавно здравје вчера потврди нови 111 случаи на коронавирус во 9 градови од кои најголем дел во Скопје.

Од вкупниот број на тестирани, 103 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките (Штип, Кочани) – регистрирани се 9 позитивни случаи.

Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група лица над 60 години со 28 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 46 лица од женски и 65 од машки пол.

Вчера регистрирани се и два смртни случаи, а за оздравени се водат 8 лица.

Вкупниот број на заболени лица од Ковид-19 во Македонија е 3.025 случаи.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.475 машки и 1.550 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 44,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 620 (20,5%), а  се регистрирани 586 случаи кај возрасната група од 50-59 години. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 161 односно 164 случаи.

Регистрирани се 153 смртни случаи (Лт = 5,1%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=99) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет. Регистрирани се 103 смртни случаи кај лица од машки и 50 кај лица од женски пол. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена.

Во Македонија извршени се вкупно 36.325 тестирања.

Според исходот од заболувањето, 1.225 лица (40,5%) се активни случаи, 1.647 случаи (54,4%) се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се вкупно 322 заболени здравствени работници во текот на епидемијата, од кои 248 се оздравени.

Коронавирус