сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Потврдени првите случаи на заразени со коронавирус од журките на охридските плажи

Потврдени првите случаи на заразени со коронавирус од журките на охридските плажи

Тројца позитивни на ковид 19 кои биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, дознава Канал 5 од болнички извори.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

-Очекувана е бројката од 200-те ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока“, вели епидемиологот Даниловски.

За професорот Даниловски и во наредните денови треба анкетите на заразените од овие кластери да покажат со колку луѓе имале контакт. За него загрижувачки е што се уште има забави како на пример во Струмица, а и покрај големиот број на болни и починати забавите не престануваат.

Според епидемиологот токму ваквото однесување непочитувањето на мерките создава страв и несигурност колку децата се подготвени во училиште да следат настава без претходна навика да носат маски и да држат дистанца.

Утре комисијата за заразни болести треба да донесе препораки во какви услови и на кој начин ќе почне учебната година од септември дали таа ќе биде онлајн, во училишни клупи или комбиниран начин на образование, пренесе Канал 5.

Коронавирус