четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Потврдени 29 нови случаи на коронавирус во земјава, починати се 4 лица

Потврдени 29 нови случаи на коронавирус во земјава, починати се 4 лица

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55-години лекувана на клиниката од 24 април и 87-годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62-годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство. По градови, оздравени пациенти има во

– Скопје 18
– Куманово 36
– Дебар 1
– Штип 1
– Велес 10
– Гевгелија 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

ЕУРО 2020

Македонија