среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Потсекретарот Михаилов му одговори на Мијалков: Тажно е како директор на службите за безбедност се спушти на ниво на портпарол на Заев

Потсекретарот Михаилов му одговори на Мијалков: Тажно е како директор на службите за безбедност се спушти на ниво на портпарол на Заев

(ФБ статус на Кире Михаилов, потсекретар на ВМРО-ДПМНЕ)

Тажно е како од Директор на службите за безбедност се спушти на ниво на портпарол на Заев. Уште потажно е што ни тој не верува во текстовите кои ги потпишува. Еден аналитичар ги нарече “вмровците на Заев”, јас би дополнил тешко на ВМРО ако иднината се овие луѓе.

Впрочем ќе потсетам, дека тие не се ни дел од ВМРО. И затоа не се тие “вмровците на Заев”, туку тоа се “криминалците на Заев”.

А Македонија страда од тој криминал кој има повеќе глави, а е контролиран од едно исто тело кое се наоѓа на Бихачка.

И тука е навистина чудно како нема ниту еден збор критика за Заев, а има еден грст напади кон ВМРО, партијата која ја гледа како ДОЕЛ и лична компанија.

Е сега сосема директно, бидејќи гледам зборува за чесност, добро е јавноста да дознае со колку плати го изгради хотелот среде центар на Скопје вреден четириесетина милиони евра?

Како тоа се прислушкувало во Македонија, а тој уште не одговара за тоа?

Како има неколку кривични пријави, а судиите забораваат да закажат рочиште кога тој е во прашање?

Колку бизниси во Скопје превзема и како?

Уште колку пати треба да излезе и одработи за да си ја купи слободата.

Јас знам кој е одговорот на сето ова, а знам дека Заев знае подобро.

Не може да зборува за ВМРО, а да е во скутот на Заев. Тоа е едно исто множество, чиј што заеднички именител е КРИМИНАЛОТ.

Коронавирус